Треба да видиме кај сме биле за година дена и што сме направиле . Најгорд сум во тоа што воспоставив ред во хаосот што го наследив . Најгорд сум на тоа што со тимот заедно од град што имаше 300 милиони евра во моментов имаме 40 евра долгови, тоа е сериозен проблем. Најгорд сум што имаме високомотивирани вработени во јавните претпријатија кои што земаат редовно плата и ги хранат своите семејства и тие даваат се од себа да ја поправат сликата во градот . Не само заради мене , туку и заради себе затоа што во моментов се високо мотивирани и редовно платени, изјави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во емисијата Утринско еспресо на Радио Лидер.

Најгорд сум затоа што кога ќе прошетам пешки , еве во Чаршија после 20 години плочите ги поправивме , сега тоа е ситница, но тоа е мозаикот на град Скопје . Најгорд сум кога во Жена парк ќе прошетам и ќе видам оние пропаднати стази дека во моментов се реконструираат , дека во Зоолошката градина после години се реконструираат живеалиштата на животните. Најгорд сум кога доаѓаме во финална фаза да ми го предадат владението на Кале и на Аквадуктот за после толку години да не биде таму престиж и успех ако се искосат површините , туку и да има содржини. На таков тип на локалитети одредени земји заработуваат многу. На Балканот е едино такво наследство кое што го имаме уште од римскиот период . таму е предвидена содржина која ќе опфати урбана опрема , рекреативни стази кои ќе ги користат граѓаните, но и површина голема за концерти на отворено.  На Кале кога ќе влезеше странец беше брука за државата , сега редовно се коси, ќе се променат и патеките.  Кога влегов во градот Скопје , градот не ми беше оставен на нула, туку во голем минус . Или во превод полесно е нешто да изградите од нула , отколку да ги поправате работите. Ние во Скопје како да имавме доживеано некоја војна или поплава , така да има многу работи на кои што сум горд. Има многу работа, идеи од граѓаните, сериозен тим кој што стои позади мене, изјави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во емисијата Утринско еспресо на Радио Лидер.