Тетовските пожарникари со нивната интервенција успеаа да го спречат пожарот да не се прошири на објектите од село Голема Речица.

– Топлото време си го прави своето, но и невниманието, неодговорното однесување на човекот доведува до избувнување на пожари, рече командирот на ТППЕ Тетово, Аука Алити и упати апел за поголема внимнателност.

Во тетовско за изминативе десетина дена изгореа близу 100 хектари земјоделска површина, претежно засадено со пченица