Вчера во 14.50 часот на патот Гостивар-Тетово, кај клучка Жеровјане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Н.Р.(40) од с. Мала Речица, затоа што управувал патничко моторно возило „БМВ“, со гостиварски регистарски таблици, со брзина од 151 км на час на место каде максимална дозволена брзина е 80 км на час, соопшти МВР.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило“.