Според албанската полиција по Аднан Д.(47) потерница била распишана од италијанските власти кои го товарат за кривичните дела „структурирана криминална група“ и „производство и продажба на наркотици“.
– Службите на граничната полициска станица Ќафасан, како резултат на постојаната размена на информации со Интерпол Тирана, при влез во Република Албанија, овозможија апсење на Аднан Д. жител на Гостивар, Северна Македонија. Судот во Торино, Италија, му има изречено безбедносна мерка притвор, наведува полицијата.
Додаваат дека Интерпол Тирана, во соработка со Интерпол Рим, ги следи процедурите за екстрадиција на овој македонски државјанин во Италија.