Гостиварец на возраст од 22 години е осомничен дека на 2 јануари годинава принудил на сексуален однос 13-годишно девојче, информираат од Јавното обвинителство.

Основното јавно обвинителство Гостивар (ОЈО Гостивар) повело истрага поради основано сомнение за извршеено кривично дело – силување на дете кое не наполнило 15 години од челн 188 став 1 од Кривичниот законик.

„Сo жртвата се запознале преку апликацијата Снепчет и започнале да контактираат и да се гледаат. Кога девојчето не сакало повеќе да излегува со него, осомничениот вршел притисок и на критичниот ден ја принудил да ги остави другарите и да влезе во неговиот автомобил. Потоа и го одземал мобилниот телефон, ја натерал на однос против нејзината волја, заканувајќи и се да не кажува никому“,се вели во соопштението од Обвинитеелството.

Јавниот обвинител до Судот во Гостивар поднел предлог за определување мерка притвор за осмничениот, со образложение дека може да избега, но и да влијае на детето-жртва или други сведоци или да го повтори делото.