Наместо поправен автомобил, го дочекале празна работилница и исчезнат мајстор. Шеесет и деветгодишен жител на гостиварско пријавил дека бил измамен за 350 евра, откако го оставил својот автомобил „Мерцедес“ на поправка, но подоцна не можел да ги пронајде ниту возилото ниту лицето со кое се договорил.

Случајот бил пријавен на 16 ноември, во 13:20 часот, во Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Според пријавата, мажот се договорил со лицето со иницијали С.Л. за поправка на автомобилот и го оставил возилото во работилница. Кога се вратил за да го подигне, сфатил дека автомобилот го нема, а недостапен бил и човекот со кого го договорил сервисирањето.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.