Директорот Јакуп Јакупи вели дека иницијативата дошла од вработените и пациентите, а просториите биле опремени со донации од активисти.

Станува збор за неискористени простории на петти спрат во болницата и иницијативата е од активисти, граѓани, вработени и пациенти. Иницијативата не е од наша страна, ние не вложуваме ништо, имаше активисти кои го реновираа просторот и тоа ќе биде простор за молитви, каде што ќе можат и пациентите и вработените односно кој сака ќе може да оди, да се помоли и да се врати на работа, вели Јакупи за ТВ24.

На ова реагираше докторката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ, која што прашува дали ова треба да е приоритет на болницата и дали сите останати потреби за лекување на пациентите и за персоналот се задоволени. Дополнително вели останува дилемата дали е оправдано за време на работа да се извршуваат верски ритуали.

Вчерашната објава на официјалната fb страна на Општата болница “Др. Ферид Мурад” од Гостивар, дека ќе се обезбедат…

Posted by Дафина Стојаноска on Saturday, July 10, 2021

Од Министерството за здравство пак велат дека Министерството дава единствено дозволи за вршење на здравствена дејност, а дека Општата болница Гостивар не се обратила до Министерството.