За таа цел, улицата „Васко Карангелевски“ во Аеродром ќе биде затворена за автомобилски сообраќај вкупно 12 часа, во периодот од 8 до 20 часот.
На потегот од булеварот Јане Сандански до крстосницата со улицата Владимир Комаров ќе се случуваат различни културни активности за возрасните, но и за најмладите.
-Организирањето ваков ден без автомобили може да биде одличен пример за насоката во која што се движи Градот, со цел промоција на политиките за креирање одржлив сообраќаен систем, но и да даде можност граѓаните активно да се вклучат и да ги почувствуваат придобивките од хуманизацијата на урбаниот простор,велат од Град Скопје.