На 23.08.2023 во 14.20 часот во Полициската станица Центар, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди биле донесени Н.Х.(47) од Скопје и М.Н.(54) од Куманово.

Според пријавеното, тие се здобиле со повредите при извршување градежни работи во фирма на подрачје на Центар.

За настанот бил известен трудов инспектор, а увид изршиле полициски службеници од СВР Скопје.