Во политиката бил од 18 години, па така и ја запознал сопругата Ивана со која е пет години во брак и имаат син.
„Во партијата често се шалевме дека за некои луѓе да не беше политичката партија немаше да се оженат. И на крај и со мене така излезе. Јас и сопругата партиски се запознавме на еден настан. Јас од Кисела Вода, таа во Карпош и така почна љубовта“, искрен е Темелковски, чија сопруга била многу повеќе политички активна од него, ама решила да се повлече од политиката.
„Многу сум ѝ благодарен, затоа што кога јас кога одев напред во политиката веќе бевме длабоко во врска, па незгодно беше двајцата да тераме политичка кариера. Таа се повлече, сега студира постдипломски и работи во Општина Карпош“, раскажува градоначалникот Темелковски.
Во интервјуто Темелковски зборува и за бракот и синот, за семејниот бизнис, за неговиот татко, приказната за „Ино спектар“ соковите… Зошто му било тешко да се реши за брак, како заврши фотографијата на социјалните мрежи кога со директорот на ЗОО ги прекршија мерките па гледаа групно ракомет Македонија-Данска, го бива ли за готвење, внимава ли на стилот, зошто во кафеана ја нарачува „Бисер Балкански“, за односот со двајцата браќа и колку се променил откако е градоначалник, дознајте од интервјуто во продолжение: