Манчестер јунајтед пред неколку дена потврди дека постигна договор со Јувентус за трансфер на Роналдо, а денеска со потписот на Португалецот завршија сите формалности.

„Манчестер јунајтед со задоволство може да го потврди потпишувањето на Кристијано Роналдо на двегодишен договор со опција за уште една дополнителна година“, стои во соопштението на клубот.

Роналдо ја даде и првата изјава откако го потпиша договорот.

„Манчестер Jунајтед е клуб кој секогаш имал посебно место во моето срце и сум пресреќен поради сите пораки кои ги добив од петокот. Не можам да дочекам повторно да заиграм на Олд Трафорд пред полн стадион и да ги видам сите фанови повторно. Ќе му се приклучам на тимот по настапите со репрезентацијата и се надевам дека ќе имаме успешна година пред нас“, изјави Роналдо.

Оле Гунар Солшер вели дека нема зборови за да го опише Роналдо.

„Немате зборови со кои можете да го опишете Кристијано. Тој не е само неверојатен фудбалер, туку и голем човек. Да имате можност и желба толку долго да играте на така високо ниво, мора да сте посебен човек. Не се сомневам дека тој ќе продолжи да не импресионира сите нас и неговото искуство ќе биде витално за младите фудбалери во составот. Пресреќен сум што тој се врати“, вели Солшер.