Со намалувањето на данокот на додадена вредност за горивата од 18 на 10 проценти, граѓаните во Македонија на дневна основа заштедуваат меѓу 250.000 и 350.000 евра, изјави заменик‐министерот за економија и труд Марјан Ристески.

Како што истакна, најголема заштеда има кај дизелот, кој го користат околу 70 проценти од домаќинствата и стопанството.

„Само по таа основа заштедата е околу 250 илјади евра дневно, а кога ќе се додадат и бензините, заштедата достигнува и до 350 илјади евра. Ако се пресмета за периодот на важност на мерката, вкупната заштеда за граѓаните би била околу 3 до 4 милиони евра за два месеца.“

Ристески нагласи дека мерката е дел од комплексот економски и енергетски мерки на владата за заштита на животниот стандард во услови на глобална криза. Тој додаде дека Владата ја следи состојбата на светските енергетски пазари и во зависност од движењата може да преземе дополнителни мерки.

„Кризата е непредвидлива и не знаеме до кога ќе трае, но сме подготвени да одговориме и во наредниот период. Интензитетот на мерките ќе зависи од движењата на светските берзи и од цената на нафтените деривати.“