Директен повод за протестот е минатонеделната сообраќајна незгода при која возило „Ауди А5“ движејќи се со голема брзина удри во 45-годишна жена пешак, која им подлегна на здобиените повреди.
Организаторите на протестот порачуваат дека нема да дозволат ова да остане уште еден заборавен случај и уште еден згаснат живот и нагласуваат дека е крајно време е да се стави ред на сообраќајот.
Тие бараат властите да преземат мерки за ограничување на брзината низ улицата „Коце Металец“ со поставување на лежечки полицајци, зајакнати полицски контроли или со нејзина реконструкција со цел таа да се направи побезбедна за пешаците и велоспедистите.
Учесниците на протестот апелираат и до жителите на останатите населби кои се соочуваат со ист или сличен проблем да го кренат гласот и да не дозволат дивеење по улиците.
Организаторите на протестот најавуваат дека ќе продолжат со блокада на улицата и во наредните денови во периодот од 16:30 до 18:00 часот.