На повеќе мерни места бројките покажуваат загадување повеќе од 100, а максимално дозволената концентрација е 50.

Во скопската општина Карпош синоќа беа измерени 119 мг/м3 од ПМ10 честичките. Во Кичево завчера во 16 часот беа измерени 135 мг/м3 ПМ10, во Тетово во 18 часот со 123 мг/м3 од ПМ10 честичките…

Невладината организација О2 иницијатива синоќа алармираше за невообичаено високите бројки на загаденост на воздухот и во Велес, Тетово, Гостивар, Струмица, Кичево, Куманово, Битола…

Нејасни се причините за ова, бидејќи летото само што почнува, температурите се околу 35 степени, а намалено е нивото на сообраќај низ градовите, велат активистите и ги повикуваат надлежните итно да излезат на терен и да проверат.