Уште три дена до крајот на пописот, а некои граѓани преку социјалните мрежи изразија загриженост бидејќи се уште никој не дошол да ги попише. Велат дека има цели населби кои не се попишани во Дижон, Чаир. Но зам.
„Попишувачите се насекаде на терен. Вие знаете дека општина Чаир има мала територија, но има многу жители. Така поминале попишувачите на терен, кога завршуваат една населба, преминуваат на друга. Тие се насекаде на терен, сите населби се опфатени. Тие кои не биле постени од попишувачите има рок уште три дена и сметам дека се ќе заврши како што треба“, истакна Иљми Селами.
Граѓаните не мора да одат во општина за да се попишат, објаснува Селами.
„Додека попишувачите се на терен и тие не можат да ги чекаат дома поради одредени причини, поради патување во странство, поради разни причини или едноставно не сакаат да го пречекаат попишувачот дома, можат да отидат во општина и така да се попишат. Не е најава дека попишувачите нема да дојдат кај вас дома и вие да дојдете на пунктовите за попис“, додава Иљми Селами.
Инаку денеска е 23 ден од пописот. Пописот на населението, домаќинствата и становите во РСМ почна на 5 септември а ќе трае до 30 септември. До сега се попишале над 1. 619.857 граѓани, 503.491 домаќинства и 711.695 станови. Во дијаспората се попишале 198.589 граѓани.