-Ситуацијата е подобра и се надеваме дека пожарот ќе биде ставен под контрола во наредните часови, соопшти противпожарната служба.

Премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис утрово го посети селото Варибоби, 30 километри северозападно од Атина, каде е најголема штета има од шумските пожари.

Десетина куќи изгореа, а бројни објекти претрпеа голема штета. Повеќе од 300 луѓе беа евакуирани од Варибоби и уште две околни села.

Повеќе од 500 пожарникари, со поддршка на хеликоптери и авиони, работат на гаснење на пожарот утрово, а густ чад стигна и до централните делови на Атина.

Температурите во Атина и другите делови на Грција во последните денови достигнаа 42 степени Целзиусови.oko