Грчките тајни служби и Владата спречија обид за атентат врз лидерот на Македонија, Зоран Заев, неколку месеци по потпишувањето на Договорот од Преспа во летото 2018 година, и пред парламентот да изгласа измена на Уставот со 80 гласови, објави Фактор.

Ова беше објавено во „Сандеј тунајт“ од извор близок до тогашното Министерство за надворешни работи. Изворот во исто време бил и неформална врска со тајните служби и Министерството за одбрана, кое имало значајна улога во целиот случај, јавуваат грчките медиуми.

Според изворот, по ратификацијата на Договорот од Преспа од парламентот во Скопје со 69 гласови на 20 јуни (договорот беше потпишан на 12 јуни во селото Псарадес во Лерин во Преспа), политичката тензија го достигна врвот во соседната земја.