Грција стана првата земја со мнозинство православни христијани што ги легализираше истополовите бракови, пишува Асошиејтед прес. Истополовите парови ќе можат да посвојуваат и деца.
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис рече дека новиот закон „храбро ќе стави крај на сериозната нееднаквост“. Законот, сепак, жестоко ја подели земјата.
„Луѓето кои беа невидливи конечно ќе бидат видливи околу нас, а со нив многу деца конечно ќе го најдат своето вистинско место. Реформата го прави животот подобар за неколку наши сограѓани, без да им одземе ништо од животите на многумина“ , рече Мицотакис.