Од грчкото МНР „на најсилен начин го осудуваат чинот на државно киднапирање на авионот, што резултираше со принудно слетување во Минск“, соопштуваат дека во авионот имало 171 патник, од кои 11 грчки државјани и „овој чин, што ги стави во опасност животите на сите патници, е неприфатлив“.

– Повикуваме веднаш да бидат ослободени авионот и сите патници за да можат да стигнат на нивната крајна дестинација. Го осудуваме нелегалното апсење на белорускиот активист Роман Проташевич, кому му се заканува смртна казна. Господинот Проташевич беше дел од делегацијата предводена од белоруската  опозициска лидерка Светлана Тихановскаја, која неодамна присуствуваше на Делфи форумот во Атина, се наведува во соопштението на  грчкото МНР.

Во соопштението се  додаваат дека за Грција „одбраната на основните вредности како што се демократијата, владеењето на правото и човековите права се прашање на принцип“.

Паралелно, министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас телефонски разговараше со Тихановскаја и ја информирал за ставот  на грчката Влада за инцидентот со авионот.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, реагираше преку неговиот официјален Твитер профил, коментирајќи дека „присилното слетување на комерцијален авион за притворање новинар е невиден, шокантен чин“.

– Бараме итно ослободување на сите патници. Утрешниот Европскиот совет мора да одговори на потребата од засилен притисок врз Белорусија. Доста е, напиша Мицотакис на Твитер.