Оваа одлука е нелегална, бидејќи е флагрантно кршење на меѓународното право и неважечка. Грција не ја признава, соопштија од грчкото МНР за обраќањето на претседателот на Русија и за одлуката за присоединување на украинските територии, јави дописничката на МИА од Атина.
-Грција ја осудува одлуката за присоединување кон Руската Федерација на украинските територии (Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон), окупирани од руските воени сили. Оваа одлука е нелегална, бидејќи е флагрантно кршење на меѓународното право и неважечка. Грција не ја признава, пишува во соопштението од Министерството за надворешни работи на Грција.
Додадоа дека „Грција продолжува да го поддржува, како основен принцип, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и на сите држави“, но и дека ќе продолжи да работи за „спроведување на правдата, како и за заштита на правата на грчката заедница во Украина“.