И од двете страни на границата, од Македонија и од Грција, локалното население, но и бизнисмените во изминатиот период бараа да се отвори граничниот премин Ники (Меџитлија).

– Важна вест: Веродостојни информации дека од 1 јули одново и регуларно ќе почнат да работат граничните премини Кристалопиги и Ники, напиша Пасхалидис.

Од граничните премини меѓу Македонија и Грција, од грчка страна, отворен е само преминот Евзони (Богородица).

Последната министерска одлука за граничните премини и предусловите за влез во Грција, објавена во петокот е во сила до 26 јуни 2021 година.