По препорака на експерти за вирусот корона од Министерството за здравство, властите дозволија употреба на базени, пред се за спортисти и вакцинирани граѓани.
Ќе се отвори и патеката за трки со коњи Маркопуло, но без присуство на публика.
По повод враќањето на спортистите-аматери на арените, Министерството за спорт соопшти дека понеделник ќе биде почеток на постепено отворање на сите спортски активности во Грција.
Сите активности се поделени на ниски, умерени и со висок ризик, поради што ќе бидат на сила здравствените мерки, па затоа спортските службеници ќе мора внимателно да следат дали се почитува сè.