Додаде дека третата доза ќе биде со мРНА вакцина, но деталите, како и временскиот рок ќе бидат соопштени на редовната прес конференција за процесот на имунизација.

Темистоклеус истакна дека напорите на Владата се фокусирани на тоа што повеќе граѓани да се убедат да се вакцинираат, нешто што, според него, не може да се примени и кај антиваксерите.

-Не светиш навечер, не зрачиш 5G, не се менува твојата ДНК и не можат да те откријат на Bluetooth. Секој треба да се вакцинира за да се заштити самиот, да ги заштити луѓето што ги сака и да изградиме колективен имунитет, истакна Темитоклеус говорејќи за тоа зошто е потребно граѓаните да се вакцинираат.