„Дечки, утре на училиште сите во дрес на Атлетико“ е хит пораката на Гризман по победата над градскиот ривал Реал Мадрид.
Aнтоан Гризман заедно со Алваро Мората беше најзаслужен за вчерашната победа на Атлетико во градското дерби.
Сите три гола фудбалерите на Атлетико ги постигнаа со глава, а Гризман стрелаше за водство од 2:0.
За Атлетико воа беше само втора победа во последните 15 натпревари против градскиот ривал, поради тоа расположението кај фановите на „јорганџиите“ беше фантастично.
„Дечки, утре на училиште сите во дрес на Атлетико“.
Оваа изјава стана хит во Мадрид.