Ова го соопшти првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците – Артан Груби по неговата средба со Вјоса Османи.
– Апсолутно да, прашањето со Косово е на приоритетната листа на г-динот Османи. Исто така е и приоритет на нашата партија како учесник во Владата на РСМ. Со Г-ѓата Вјоса Османи исто така дискутиравме дека секогаш ќе ја има нашата поддршка, било мојата како вицепремиер, или на министерот за надворешни работи Бујар Османи, но и на Али Ахмети, затоа што Косово е наш приоритет, изјави првиот вицепремиер.