Група од 20-на Авганистанки демонстрираа денеска во Кабул, извикувајќи „леб, работа, слобода“, против ограничувањата наметнати од талибанците на жените и нивната слобода во Авганистан. Откако се вратија на власт во август минатата година, талибанците, исламистичките фундаменталисти, постепено ги лишуваат жените од слободите што ги освоија во последните 20 години од падот на претходниот талибански режим (1996-2001).
„Училиштето е мое право. Повторно отворете ги училиштата“, скандираа демонстрантите, од кои многумина носеа превез на лицето, собрани пред Министерството за образование.
Тие пешачеа неколку стотици метри пред да бидат запрени од талибанци во цивилна облека кои дојдоа да ги спречат демонстрациите, јавија западни медиуми.