Пандемијата со коронавирусот имаше повеќе штетни последици врз жените отколку кај мажите, проценува Гутереш, акцентирајќи ги губењето работа, сексуално злоставување или склучување брак на малолетнички.
Жените се на чело на само 22 земји. Со сегашното темпо, паритетот на ниво на шефови на влади нема да се постигне пред 2150 година, рече тој.
Според него, епидемијата „им дала на мажите уште една можност да го монополизираат донесувањето одлуки“.
– Трошиме милијарди долари на оружје што не штити, а истовремено го игнорираме насилството што го трпи секоја трета жена во светот, додаде тој.
Гутереш повика 193 земји-членки на ОН да „усвојат план за вонредни мерки за борба против насилството врз жени и девојчиња“.
На седницата на Комисијата треба да се донесе декларација со која се повикуваат на повеќе мерки против сексуално вознемирување жени.