Тој објасни дека е потребна логиката и итноста на преземањето мерки како во планирање на воена економија, за да може да се зајакне капациететот на „оружјето“.
Гутереш во неговото излагање на годишното собрание на Светската здравствена организација на земјите членки во Женева, посочи дека почетокот на пандемијата во Кина во 2019 година над 3,4 милиони луѓе починале од последии од вирусот, а околу 500 милиони луѓе изгубиле работа.
„Најранливите страдаат најмногу и се плашам дека ова е далеку од готово. За жал, освен ако не дејствуваме сега, ќе се соочиме со ситуација во која богатите земји го вакцинираат мнозинството од својот народ и ги отвораат економиските пазари, додека вирусот продолжува да предизвикува длабоко страдање кружејќи со нови мутиации во најсиромашните земји“, изјави Гутереш.