Гувернерот на украинскиот регион Луганск, Серхиј Гајдај ги повика жителите да се евакуираат.
На Телеграм, тој апелираше на евакуација и да се „избере живот“. Медиуми јавуваат дека ваквиот апел следува откако едно лице беше убиено, а петмина беа ранети, за време на руското гранатирање во градот Кремина.
Евакуирани се 32.000 жители со возови и автобуси, додаде Гајдај, повикувајќи ги и останатите да го сторат истото.
– Не двоумете се и одете додека сè уште постои таа можност, истакна гувернерот.