Фудбалската федерација на Македонија информираше дека официјалниот Фејсбук профил на федерацијата (Фудбалска Репрезентација на Македонија) е хакиран од непознати сторители.

Во моментов се превземаат сите чекори за да се надмине овој проблем, а во меѓувреме од федерацијата со апел да не се земаат во предвид сите пораки кои доаѓаат од тој профил.

Ве молиме имајте предвид дека сите пораки кои доаѓаат од таа сметка до понатамошно известување не се авторизирани од ФФМ, стои во известувањето на федерацијата.