Палестинското движење Хамас, чие политичко крило има власт во Појасот Газа, испука огромен број ракети кон израелските градови Ашкелон и Ашдод.
На удар на Хамас се и градовите Сдерот, Гавим, Нир Ам, Ибим и Мефалсим. И дел од Израелците во Тел Авив и неговото предградие ја минаа ноќта во засолништа поради ракетните напади од Газа. Околу 10 лица се повредени додека бегале кон засолниште.
Израел во текот на ноќта го бомбардираше домот на лидерот на Хамас Јахја Синвар, по што групата одговори со огромен број ракети кон израелските градови.
Во израелските воздушни напади што следеа врз централниот дел на градот Газа, три згради се срамнети со земја, а најмалку 26 лица загинаа, а 50 беа повредени, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Министерството за здравство во Газа соопшти дека меѓу загинатите има десет жени и осум деца, а 50 лица се повредени.
Најмалку 148 лица, од кои 41 дете, се убиени во Газа откако избија судирите во понеделникот. Израел пријави десет смртни случаи, од кои две деца.