Пријатели, роднини и познаници упадналее во Ургентниот центар со оружје, се заканувале на персоналот во болницата и го демолирале Ургентниот центар барајќи од докторите да го реанимираат загинатиот Идризи. Присутните се заканувале и со оружје на персоналот во Ургентниот центар.

За среќа, на помош на лекарите набрзо пристигнале припадници на ЕБР но и Армијата која го обезбедува ковид центарот.

Пред Ургентниот центар се уште има голема група на луѓе, но и силно полициско присуство.

Неофицијално, убиениот Камбер Идризи имал преку десетина прострелни рани, од кои најмалку две во главата, вратот, левата града, шаката и коленото.

Од болницата 8-Септември на КАРИЛ е префрлен и вториот настрадан во престрелката, Егрин И. кој имал неколку прострелни рани во вратот и рамото. Во моментов се наоѓа во индуцирана кома.

Престрелката се случи во населбата Бутел 2, на паркингот во блокот на т.н социјални згради. Најмалку две лица се забележани како излегуваат од возило „Голф“ и со две автоматски пушки стрелаат кон сега починатиот и повредениот.

Во непосредна близина на местото на престрелката има и детско игралиште, но за среќа никој друг не бил повреден во моментот на престрелката.

Полицијата трага по сторителите.