Според „Sky Deutschland“, Шумахер го зазеде првото место на листата на пилоти во оваа категорија. На второто место заврши Шарл Леклер од Ферари со 4,04 милиони евра, а трет е шампионот и пилот на Ред Бул, Макс Верстапен со 3,89 милиони евра.

Шумахер имаше неколку судари за време на трките во Ф1 шампионатот, а еден од нив беше и контактот со Николас Латифи којшто се покажа како одлучувачки за шампионскиот трофеј освоен од Верстапен.