Воените злосторства на израелскиот режим против палестинскиот народ мора итно да се запрат, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи Хосеин, објави Фокус.

Тој на заедничка прес-конференција со либанскиот министер за надворешни работи Абдула Бухабиб во Бејрут, кажа дека е договорено итно да се одржи состанок на ниво на исламски земји, со цел, како што рече, да се запре злосторството врз невините луѓе.

Бухабиб, пак, нагласи дека сите треба да вршат притисок врз Израел да ја прекине војната, а стабилноста во регионот, како што наведе, може да се постигне само со праведно решение за Палестина.

Во меѓувреме, либанското движење Хезболах, поддржано од Иран, соопшти дека е подготвено да му се придружи на Хамас во војната против Израел кога ќе дојде време.

-Ние сме целосно подготвени и кога ќе дојде време за акција, ќе ја преземеме – рече заменик-шефот на Хезболах, Наим Касем, на митингот за поддршка на Палестинците во јужните предградија на Бејрут.