Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишен жител на селото Дреново, осомничен дека сторил кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

Осомничениот искористил момент додека бил сам во домот со неговата 11-годишна сестра, па врз неа извршил други полови дејствија.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати предлогот и со Решение на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.​​