Властите соопштија дека мажот погебнал и дека на тоа подрачје најдени се пластични вреќи со остатоци од човек и отсечени раце.

Не е јасно која е пораката на овој чин и како треба да делува на неделните избори.

Но, аналитичарите велат дека поголемипт дел од изборното насилство обично се случува на општинско ниво, каде бандите настојуваат да влијаат на изборите со надеж дека ќе обезбедат поголема контрола над трговијата со дрога и други криминални работи.

Ерик Улисис Рамирез, кандидат на левичарската опозициска партија Граѓанско движење, кој преживеа обид за атентат минатиот месец во Кокула, рече дека двајца негови сојузници се киднапирани, претепани и пуштени во неделата.