Вистински хорор се случувал во Општина Кисела Вода кога на сред улица маж се обидел да силува жена. Од Основното јавно обвинителство информираат дека скопјанец ќе одговара за силување по вчерашниот напад. Ваков немил настан се случил на булеварот Борис Трајковски, непосредно до зградата на општината.
Според очевидци на настанот жената барала помош со викање, а веднаш притрчале луѓето кои биле во близина, па затоа ја пуштил осмоничениот кој се обидел да ја силува. На крајот, мажот не успеал да ја реализира својата намера. 31 годишниот скопјанец ќе биде изведен пред лицето на правдата и ќе одговара за „обид за силување“.
На осомничениот од страна на надлежен обвинител и судија му е одреден 30 дневен притвор.