Условна осуда за претходни напади
Во април годинава, Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинителен предлог против Илија Стефановски за две кривични дела – загрозување на сигурност и насилство. На 10 септември 2025 година, Основниот суд во Велес го огласи виновен и му изрече условна казна. Судот ги укина сите мерки на претпазливост, освен забраната за приближување и воспоставување контакти со оштетената Росица и нејзиниот партнер.
Медиумот Емагазин објави и фотографии од жртвите.
Историја на пријави и кршење на мерки
Росица повеќепати поднесувала пријави против Стефановски, и во полиција и во обвинителство. Таа укажувала дека тој не ја почитува судската одлука и продолжува да и испраќа пораки, како и да се обидува да воспостави контакт. Во мај пријавила ново прекршување на забраната, кога осомничениот се приближил до нејзиниот дом и го запалил автомобилот на нејзиниот татко. По ова, обвинителството издаде наредби за прибирање телефонски записи и снимки од видео надзор, а постапката сè уште беше во тек.
Паралелни постапки во Скопје и отфрлена контрапријава
Претходно, во март 2025 година, Росица поднела пријава во ОЈО Скопје за напад што се случил уште во декември 2024 година, при што добила телесни повреди. Истовремено, Стефановски поднел пријава против неа, обвинувајќи ја за лажно пријавување, но обвинителството ја отфрли неговата пријава како неоснована. На 9 септември 2025 година, Росица повторно даде исказ и изјави дека останува на барањето за кривично гонење на осомничениот. Само пет дена подоцна, тој ја лиши од живот.