Бројките паднале за 62 отсто кај жените кои ја примиле ХПВ вакцината помеѓу 14 и 16 години, а појавата на болеста е намалена за 34 отсто кај адолесцентите, пренесува „Гардијан“.

Вакциналната програма на НХС за заштита од рак на матката досега успешно спречи илјадници жени да ја развијат болеста и да се борат со промените на клетките, се вели во ново истражување.

Во првиот доказ дека програмата лансирана во Англија пред тринаесет години спасува животи, се воспостави дека бројките на заболени од рак на матка се намалуваат кај лица кои се вакцинирале во периодот од 12 до 13 години и се помали за разлика од невакцинираната популација.

Истражувачите велат дека случаите од оваа вакцинирана возрасна група, кои се ретки, се намалиле од 50 случаи на годишно ниво, на пет.

Истовремено, постојат намалувања на бројките на заболени од рак на матка за 62 отсто кај жените кои се вакцинирале помеѓу 14 и 16 години, како и пад од 34 отсто кај жените на возраст од 16 до 18 години кои се вакцинирале кога вакцината била пуштена во употреба.

Во рамки на програмата е пуштена и втората вакцина „Гардасил“, која се дава на девојчиња и момчиња на возраст од 12 до 13 години.

Новото истражување, кое било објавено неделава, ги искористило достапните податоци за да пресмета дека до јуни 2019 година, имало намалување за 450 случаи на рак на матката и 17.200 случаи помалку на рана фаза на ХПВ од очекуваното кај англиските жени кои се вакцинирале.

Без вакцината, експертите сметаат дека бројот на жени со ХПВ во рана фаза би бил далеку поголем и би погодил 36.000 жени.

Истражувачите изјавиле дека ваквите резултати нудат директно, глобално докажување за превенцијата од ракот на матката преку вакцини за два вида на ХПВ, вирусот кој предизвикува рак на матка.

Од Британскиот институт за рак изјавиле дека резултатите се подобри од очекуваното, па ракот на матката може да стане ретка болест доколку се користат вакцините, но се практикуваат и редовни гинеколошки контроли.

Професорот Питер Сасиени, кој го предводи истражувањето, а работи на Кралскиот Универзитет во Лондон, изјавил дека е неверојатно да се види влијанието на вакцината против ХПВ, а сега превенцијата може да се докаже кај стотици жени.

-Долго време знаевме дека вакцинацијата против ХПВ е ефективна во превенција на неколку конкретни видови на вирусот, но да се види реално влијание од вакцината е навистина наградувачки. Доколку луѓето продолжат да се вакцинираат и практикуваат контроли, ракот на матката ќе стане многу ретка болест, нагласил тој.

Докторката Ванеса Салиба, епидемиолог и консултант за „UKHSA“, која исто така учествувала во истражувањето, потенцирала дека е многу важно да се вакцинираат сите оние на кои вакцината им е понудена на училиште.

-Сите можат да се вакцинираат до 25 години. Заедно со редовни контроли, жените може да се спасат од ракот на матката, истакнала Салиба.