Покрај нередовните плати, тие се жалат дека имаат недостиг од кадар, но и дека немаат греење во нивните простории, во денови кога надворешните температури се под нулата. Поради протестот, веќе втор ден не сообраќа единствениот воз од Скопје кон Битола.
Исто така, синдикалците од работилницата на влеча на возови во Скопје, реагираат и на лошиот однос на претпоставените и додаваат дека доживуваат мобинг на работното место.
Инаку, во работилницата се сервисираат и поправаат возовите пред да се пуштат во сообраќај, а има сервиси и во Трубарево и Гевгелија, каде дел од вработените исто така протестираат.
Канал 5 стапи во контакт со Македонски железници – Транспорт, од каде порачаа дека работниците наскоро ќе добијат греење во нивните работни простории.
Ова е уште еден од низата протести кои беа актуелни и во изминатата година, поради различните проблеми на вработените во железничкиот сообраќај.