Под мотото „Доста е, Излези за Македонија“, од партијата информираат дека протестите ќе се одржат во 10 градови, а против, како што велат, новиот обид за продажба на националните и државни интереси од страна на Зоран Заев и Владо Бучковски.
Во Скопје протестот ќе се одржи на три локации: крстосницата пред Градска болница, крстосницата пред ТЦ Мавровка, крстосницата пред НИП Нова Македонија.
Штип кај кружен тек Нама, Велес, ул. 8ми Септември , центарот на градот кај споменикот Кочо Рацин, Кочани ул. Раде Кратовче, веднаш до градскиот плоштад, Прилеп Градска кафана ( зграда Општина Прилеп), булевар Гоце Делчев со улица Прилепски бранители, Струмица ТЦ Глобал во центарот, Кавадарци, раскрсницата кај ООУ Гоце Делчев, Охрид, кружниот тек кај Охридска Банка, Битола раскрсниците на ул. Димитар Илиевски Мурато со ул. Никола Тесла кај Гроздот, Кичево кружен тек кај полицијата на бул. Ослободување.