Од нив 16 се движеле со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, а 91 со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, информираат од МВР.

Истакнуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението.