Вчера, со братот Igor пред сообрание случајно се најдовме до Ивица Боцевски кој пак беше во скачка со една поголема група од 10 (можеби и повеќе) кој носеа фантомки. Ивица културно побара да ги извадат фантомките но лицата почнаа агресивно да враќаат и беа спремни физички да го нападнат. Ситуацијата ескалираше, и траеше повеќе од 2 мин. каде да не беа нашиве што протестираа околу Ивица, ќе настрадаше самиот бидејќи групата упорно не сакаа да им се видат лицата и одбиваа на наредбите на граѓаните кои се префрлија на страна на Ивица., сведочи учесник на синоќешниот протест на социјалните мрежи.

Е сеа, такви групи имаше многу повеќе во цела толпа и таква иста група влезе да мава по џандари, (бев напред видов) истат таква група е крива за повредените џандари, копиљаци уфрлени низ топла наши со фантомки за да прават срања какви што видовте вчера на тв. Немојте да паѓајте на спинови од партии, бидејќи 50000 народ бевме вчера, ниту сте слепи, ниту сте глупи, за да не приметите што ви се случува пред нос, гневни сте знам, револтирани, протестирате мирно и достоинствено, а некој ве прави будала. Но Дами и Господа моравте да бидете спремни на ова, борбата е таква, и стварно не знам што очекувавте, дека ќе биде лесно, дека ова е кур играње, и дека ќе не послушаат? Дечки ова е секојдневна борба, чим до сега не не послушаа и не го одбија предлогот значи дека се спремни да одат до крај, тој крај е поплочен со тешки говна што ќе ни ги приредат. Да не заборавиме дека имаме работа со махери, кој дојдоа на власт со секој ден тепање џандари, палење контејнери, кречеа како Кичо и Ацки у викенд на мртовци, 3 месеци се бавеа со куртони у боја, вадеа посмртни слики, палеа канцеларии, спиеа по улици, кршеа установи и не ме зачудува сега што пуштаат инсајдери у толпа да прави неред. Бидејќи тоа го сакаат, да ескалира ситуација за да можат да ни пуштат топови, пендреци и да тргнат на нас. Но не ми паѓајте драги мои, 50000 не има секој ден, 50000 искрени граѓани кои плачат на химната од болка, без политички партии, без политички позадини да донесеме некој на власт, туку на една ебана мисија да падне актуелната бидејќи не сакаат да го одбијат францускиот предлог и сакаат да не осакатат за век и векова!

Бидете горди на тоа, бидејќи јас сум горд на вас и се додека не има олкав број на улица, МАКЕДОНИЈА ЖИВА И ЖИВ Е АСНОМ и АПСОЛУТНО ништо не ни можат, бидејќи сите тие доаѓаат и си одат, а ние сме едниствената константа која е непроменлива во емоциите кога се работи за татковината. Ве љубам што сте такви! ❤️🇲🇰
Се гледаме во 19:00h, напиша тој.

На овој коментар одговори Ивоца Боцевски, кој напиша дека тие со качулките не се дел од протестот и дека Македонија се брани со гордо крената глава, чисто лице и неизвалкан образ.