И претходната, единаесетдневна размена на ракети, започна со судири пред таа џамија што резултираше со фрлање на над 4.000 ракети и големи загуби.

Сите напори да се стави крај на конфликтот вродија со плод дури 11-тиот ден, кога Израел се согласи на примирје, но со назнака дека сите нивни разговори со противничката страна се однесуваат на политичкото крило на Палестина – Фатах и ​​дека нема разговори со Хамас.

Прославата по прогласувањето на примирјето започна од двете страни, а Палестинците започнаа да се собираат во џамијата Ал Акса од раните утрински часови.