Американка која се подготвувала за натпреварот меѓу САД и Босна и Херцеговина ненамерно предизвика вистинска бура на социјалните мрежи, откако јавно праша зошто нејзината репрезентација мора да игра против „две земји“. Необичната објава за кратко време стана вирална, а илјадници корисници се вклучија во шегите што следуваа.
Сè почнало кога корисничка на платформата Threads го поставила прашањето што веднаш го привлече вниманието на интернетот.
„Зошто, по ѓаволите, мора да играме против две земји во нокаут фазата на Светското првенство, додека сите други играат само против една? Зошто играме против Босна и Херцеговина?“, напишала таа.
Објавата брзо почнала да се споделува, а најмногу реакции предизвикал одговорот што пристигнал од БиХ. Една Босанка решила на духовит начин да ѝ ја „објасни“ ситуацијата.
„Како Босанка, ќе објаснам како функционира тоа. Босна ја почнува играта, а Херцеговина влегува од клупата по полувремето“, напишала таа.
Токму овој коментар стана најсподелуваниот дел од целата преписка. Американката не останала должна и продолжила во истиот тон.
„Вау! Тоа е измама и прилично сум сигурна дека ќе ги победиме во секој случај“, возвратила таа.
Но и одговорот од босанска страна бил подготвен.
„ФИФА ни дозволува да го правиме тоа, така што не е измама. И немојте да бидете толку сигурни, ја победивме Италија“, ѝ одговориле низ шега.
