Рускиот канал RT (Russia Today) повеќе не е достапен на мрежата на Телеком.

Од компанијата објавија дека реемитувањето на овој канал не е повеќе дозволено.

„Ве известуваме дека согласно Одлуката на Владата и истата рефлектирана преку одлука на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, реемитувањето на овој канал не е повеќе дозволено“, пишуваат од таму.

Владата на почетокот од месец март испрати препорака до операторите низ Македонија, времено да го прекинат реемитувањето на руските оператори.

Во исто време, Советот на ЕУ ја прекина дистрибуцијата на руските државни медиуми на територија на Европската унија.