Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а врнежи од дожд ќе има во вторник, особено претпладне. Потоа, во следните денови, ќе преовладува стабилно време со умерен, на места засилен ветер од јужен правец.

Како што информира УХМР, температурите ќе бидат во значителен пораст.

Утре најниската утринска температура ќе биде -3, а дневната максимална 19 степени.

Во текот на неделата температурите постепено ќе се зголемуваат, а, како што највува УХМР, во петок и сабота на места ќе достигнат и до 24 степени.