Израелската армија соопшти дека денеска почна низа напади врз инфраструктурата на Техеран.
-Воздухопловните сили почна серија големи напади врз инфраструктурата што му припаѓа на иранскиот терористички режим во Техеран, се наведува во соопштението на ИДФ.
Иранската новинска агенција Тасним објави дека „американски и израелски воени авиони“ го нападнаа центарот на главниот град на Иран, Техеран, каде се сместени голем број владини згради.
Според Тансим во нападите предизвикана е и значителна штета е регистрирана и на куќите во соседството, во близина на култниот плоштад Енгелаб.
Претходно, иранските медиуми објавија дека е погоден и аеродромот „Мехрабад“ во Техеран.
Нападите врз Иран уследија откако Техеран, по десет часа прекин, повторно лансира балистички ракети врз централниот дел Израел, а најјужниот израелски град Еилат беше под напад на дронови. (МИА)
