Игор Пехчевски кој боледува од цистична фиброза реагира од болничкиот кревет дека се уште не го добил лекот трикафта.

„Се до дека не го објавив Транспарентот од болничкиот кревет, никој не знаеше што е болеста Цистична фиброза, ни медиумите, ни Македонската јавност, а камо ли за лекот трикафта. А сега кога лекот е тука и на клиниките – Јас лекот не го добив. Ги прашувам надлежните: „Дали ние останатите ќе го добиеме лекот на врме, затоа што болеста секојдневно е непредвидлива и прогресивна“ вели Пехчевски.