Институтот за јавно здравје со препораки поради ризик од загаден воздух
Институтот за јавно здравје им укажа на граѓаните кои може да бидат изложени на чад и штетни материи што да преземат за заштита на здравјето.
Препораки:
во подрачја каде постои ризик од загаден воздух да се остане внатре и да се затворат прозорците и вратите, особено кај места со активни пожари и во правецот кон кој ветерот го носи чадот;
да се исклучат системите за вентилација и климатизација што вовлекуваат воздух однадвор;
редовно да се следат официјалните информации и ажурирањата за квалитетот на воздухот;
лицата со респираторни заболувања, мали деца, стари лица и бремени жени да избегнуваат активности на отворено;
при неопходно движење на отворено во области во непосредна близина на места со пожар, да се користат соодветни маски;
установите за згрижување на стари лица да преземат мерки за минимизирање на изложеноста на отворено кај оваа група;
да се внимава на симптоми како кашлица, отежнато дишење, главоболка или иритација на очите, носот и грлото и веднаш да се побара медицинска помош ако се јават;
да се воздржи од контакт или приближување до отпад од погодените подрачја сè додека не се добие официјална дозвола;
да се почитуваат сите инструкции од јавноздравствените институции и службите за итна помош, како и насоките за евакуација ако биде препорачана од надлежна институција.
Целта на овие мерки е да се намалат ризиците и да се заштити здравјето на заедницата.